Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати официјална честитка до сите верници по повод католички Велигден.
„Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите.
Да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“ – стои во објавата на официјалната фејсбук страна на Пендаровски.