Nokia се враќа на голема врата!

Nokia се враќа на пазарот на премиум телефони со Magic Max моделот, кој го карактеризираат врвните спецификации и ниска цена. Телефонот беше достапен на саемот MWC 2023 во Барселона и сега има неофицијални рендери кои прикажуваат како би можел да изгледа. Magic Max има рамни рабови и изглед на Apple моделите, а го користи новиот кориснички интерфејс Nokia Pure, базиран на Android 13.

Што се однесува до хардверот, телефонот користи Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, вклучувајќи 8GB, 12GB или 16GB RAM и 256GB или 512GB UFS 4.0 меморија. Дисплејот е AMOLED со големина од 6,7 инчи и резолуција од 2400 x 1080 пиксели, со поддршка за брзина на освежување од 120 Hz. Камерите вклучуваат главен сензор од 200 MP, сензор со ултра широк агол од 16 MP, макро од 5 MP, како и селфи камера од 64 MP.

Nokia Magic Max има батерија со капацитет од 7500mAh, со поддршка за брзо полнење. Според неофицијални извори, телефонот би требало да се продава за 400 долари (или 370 евра), што е неколку пати пониска цена од другите водечки телефони на пазарот. Лансирањето на Magic Max е закажано за август, но ова се неофицијални информации..

Слични објави