Судот во Валенсија е привремена мртовечница, бројот на жртви блиску до 100

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа.

Локалните власти соопштија дека судската палата во Валенсија, била претворена во привремена мртовечница бидејќи се стравувало дека бројот на жртвите ќе расте.

Во градот Паипорта во регионот Валенсија, најмалку 40 луѓе ги загубија животите, од кои шест се во дом за стари лица, објави шпанската државна новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на изјава на градоначалникот.

Слични објави