Зборот супермесечина се однесува на астрономската појава кога месечината е полна или млада, a е најблиску до Земјата.
Ова е возможно бидејќи орбитата на месечината околу Земјата не е кружна, туку во форма на елипса.
Кога станува збор за супермесечина, таа може да ни изгледа и до 15% поголема и 30% посветла на ноќното небо – нешто што е случај со октомвриската полна месечина.
Ако сте ја испуштиле синоќешната, добрите вести се дека месечината ќе делува голема и полна уште две ноќи, што значи имате можност да ја видите.
Полната месечина во октомври се нарекува и Ловечка месечина бидејќи во многу култури го означува почетокот на сезоната на ловење.
Македонскиот фотограф Димитар Бирачоски сподели негова фотографија од октомвриската супермесечина над Охрид.