Овен
Љубов:
Нема потреба да бегате од вистината или да ги потиснувате вашите емотивни желби.
Работа:
Сè има здрава граница, така што работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови.
Здравје:
Олеснете ја вашата совест, ќе ви годи доверба.
Бик
Љубов:
Нема потреба да имате големи илузии или емотивни очекувања пред личност која не ја познавате доволно добро. Лесно се занесувате.
Работа:
Важно е да не зборувате премногу пред личност која може да ве окарактеризира на погрешен начин. Бидете дискретни.
Здравје:
Подобрете ја вашата психофизичка кондиција.
Близнаци
Љубов:
Имате впечаток дека вашиот партнер крие дел од вистината, што дополнително влијае на вашето мрзоволно расположение.
Работа:
Нема причина да ги обвинувате другите за погрешно проценување. Не бидете неправедни кон личност чии намери сè уште не ги знаете.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Рак
Љубов:
Помеѓу вас и партнерот владее недоверба, но можни се изненадувања во двете насоки. Не зборувајте премногу.
Работа:
Не судете врз основа на првиот впечаток. Треба да исполните одредени услови и да ја промените вашата деловна тактика.
Здравје:
Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Лав
Љубов:
Ве следи нова емотивна дилема. Не знаете дали вашиот партнер греши или едноставно изгледа сомнително за работите за кои молчи.
Работа:
Треба да пронајдете ново решение, за правилно да ги решите различните недоразбирања кои ве придружуваат при средбата со колегите.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Девица
Љубов:
Не дозволувајте да ви недостасува имагинација или емоционална инспирација. Партнерот со будно око го следи вашето движење и однесување.
Работа:
Некој ја поттикнува вашата креативна љубопитност и желба за ново знаење. Вашите цели се остварливи со правилно расудување.
Здравје:
Разубавете го вашиот изглед, како поттик за добро расположение.
Вага
Љубов:
Нема причина да пропуштите некои интересни настани кои влијаат на вашето емоционално задоволство.
Работа:
Обрнете внимание на корисните совети и прилагодете го вашето однесување во однос на деловната динамика за која се залагаат блиските соработници.
Здравје:
Насочете ги вашите мисли и енергија во позитивна насока.
Скорпија
Љубов:
Избегнувајте нови емотивни провокации, изберете познато друштво или личност која ви е посветена.
Работа:
Вие се залагате за практично и праведно решение, но еден од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание.
Здравје:
Нема потреба да се губи трпението.
Стрелец
Љубов:
Бидете дискретни, постои можност некој да ги разоткрие вашите „тајни намери“. Партнерот со будно око ги набљудува и ги следи вашите движења.
Работа:
Важно ви е да се изборите за подобра деловна позиција. За среќа, имате многу убедлив ефект врз вашата околина.
Здравје:
Внесувајте повеќе витамини и течности во вашата исхрана.
Јарец
Љубов:
Изгледате заводливо и привлечно. Среќата е на ваша страна, се додека постои взаемна желба да се зачува емоционалната блискост.
Работа:
Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Важно е да ја задржите присебноста во одлучувачкиот момент.
Здравје:
Треба да ги избалансирате вашите желби и можности, избегнувајте претерување.
Водолија
Љубов:
Планирајте романтична забава за двајца. Љубовта е „мистериозен код“ кој позитивно влијае на вашето расположение и мотивација.
Работа:
Конфликтот кога се занимавате со деловни интереси создава дополнителна тензија во односите со соработниците, бидете внимателни.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.
Риби
Љубов:
Нема причина „емотивно да ја уценувате“ саканата личност, на таков начин само го постигнувате спротивниот ефект.
Работа:
Важно е да изберете улога што одговара на вашиот интерес и работа што носи материјална корист.
Здравје:
Слободно прифатете ги предизвиците кои ве поттикнуваат да се изразувате креативно.