Биографијата на папата Франциск насловена „Спера“ („Надеж“) ќе биде објавена на водечките светски јазици во повеќе од 80 земји во јануари 2025 година, по повод јубилејната година на Католичката црква, соопшти денеска италијанската издавачка куќа „Мондадори“.
Тоа ќе биде првата автобиографија напишана од поглавар на Римокатоличката црква, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
„Мондадори“, кој има меѓународни издавачки права на автобиографијата на папата, ја објави веста на Саемот на книгата во Франкфурт, каде Италија годинава е почесен гостин.