Реконструкцијата на девет студентски домови (четири во Скопје) и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на услловите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома.
Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.
– За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови за едукација и престој какви што треба да има и какви што студентите заслужуваат.Целосно ја менуваме внатрешноста, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаични панели и екосистеми за греење. Паралелно се подготвуваме за рекострукција на други седум студентски домови кои планираме да ги реализираме во текот на четиригодишниот мандат – рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната презентација на прогресот на активностите во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за реконструкција на државните студентски домови.
Според Јаневска, ова е една од мерките со која „ќе го промениме размислувањето на младите да заминат на студирање во странство, а тоа ќе биде огромна придобивка за нас“.
– Во време кога недостига работна сила важен ни е секој еден млад човек, па бидејќи е така да му овозможиме целосно да се раелизира тука во сопствената земја – рече Јаневска.
Според планот, реконструкцијата на двата скопски студентски домови која е во тек се очекува да заврши до 2026 година, а во „Стив Наумов“ на располагање ќе има на 43 еднокреветни, 22, двокреветни, 327 трикреветни и 11 соби за студенти со посебни потреби. Реконструкцијата чини 10 милиони евра.
Во „Кузман Јосифоски – Питу“, во центаорт на Скопје, на располагање ќе бидат 216 еднокреветни, 12 двокреветни, 14 трикреветни соби и два апартмана. Оваа реконструкција чини 7 милиони евра.