Фатен на дело: Македонец од Скопје со нож ги вандализирал иконите од крстот во Драчево

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје.

Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот.

Според информациите кои МВР ги соопшти за Локално, сторителот по етничка припадност е Македонец. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На крајот на септември, во населбата Драчево во скопската општина Кисела Вода исто така, се случи ваков инцидент.

Слични објави