Како Елон Маск загуби милијарди од еден бизнис

Fidelity Investment ја намали вредноста на својот удел во поранешната Twitter, денешна платформа X. Ова всушност откри колку паднала вредноста на таа социјална мрежа откако во октомври 2022 година ја купи Илон Маск за 44 милијарди долари, пишува ICT Business.

Уделот на Fidelity во X сега вреди околу 4,19 милиони долари, со што целата компанија вреди околу 9,4 милијарди долари. Имено, Fidelity инвестираше 19,6 милиони долари во Twitter, но инвестицијата не се исплатеше, па таа компанија остана без 79 отсто од парите.

Од купувањето на X од страна на Маск за 44 милијарди долари, платформата забележа значителни промени. Приходите паднаа за 50 отсто, што Маск го припиша на огромната загуба на рекламирање. Фирмата, исто така, се соочи со критики од корисниците за промени во пристапот на корисниците, како што е лансирањето на премиум услугата за претплата која нуди ознаки за верификација и можност за уредување на објави.

Дополнителни проблеми и критики дојдоа од тврдењата дека платформата поттикнува ширење на дезинформации, вклучително и неточни информации пред претседателските избори во САД.

Слични објави