Орбан: ЕУ направи историска грешка со Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од Охрид денеска му изрази поддршка на републиканскиот кандидат, Доналд Трамп потенцирајќи дека на светот му се потребни промени и мир, а Трамп се залага за мир.

Орбан одговарајќи на новинарско прашање на рпес конференцијата со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски додаде дека западната елита е затворена во тесен круг, и потребни се нови свежи лица кои ќе донесат промени, потребна е обнова.

– Убедени сме дека западната елита е затворена во тесен круг и ако не сме успешни, треба да се запрашаме зошто губиме на светско ниво, рече Орбан.

Според него САД имаат клучна улога во светскиот мир и ако има претседател кој има војна тогаш ќе има војна, а ако има силен претсеател кој не сака војна нема да има војна.

Сегашниот кандидат Трамп веќе беше претседател и знаеме како фунцкионира, тој е на страната на мирот, ние сакаме мир и затоа сакаме претседател кој се залага за мир, изјави Орбан.

Орбан посочи дека иако се поддржувачи на Трамп немаат намера да се мешаат во изборите на САД, како што други се обидуваат да се мешаат во изборите во Унгарија.

Слични објави