Американската инфлуенсерка и модел на Only fans, Ава Луиз неодамна го привлече вниманието со покажување на градите за време на митингот на Доналд Трамп.
Ава го направи истото на почетокот на годинава кога ги покажа градите на „порталот“ кој се гледаше во Даблин а беше поставен на Менхетен, кој беше затворен нешто подоцна.
Ава објасни дека нејзиното разголување на митингот било дел од нејзиното собирање средства за кампањата на Трамп. Во средата инфлуенсерката му ги покажа градите на Трамп, но и на илјадници други луѓе кои го посетија собирот. Со голи гради скокаше додека полицаецот не ја избрка од салата.
„Полицајците сакаа да ме обвинат“, изјави таа за New York Post, додавајќи дека полицаецот бил крајно лут.
Сепак, Тајната служба застанала на нејзина страна и се погрижила Ава и нејзиното момче, кое било со неа, без проблем да ја напуштат салата. Агентот дури и ја пофалил Ава, како што објави Њујорк пост.
„Откако заминав, му донирав пари на Трамп поради неволјите што ги предизвикав“, рече таа.
Инаку, Луиз во последните месеци користи OnlyFans за да собере пари за поранешниот претседател.
„Заработувам околу 100.000 долари месечно и сега се обидувам да заработам 500.000 долари за мојата содржина на Трамп за да можам да му ја дадам. Тоа се вика Груди за Трамп“, додаде таа.
Таа откри и дека го поддржува Трамп затоа што делат исти деловни вредности.
„Трамп беше претприемач, јас сум претприемач. Го разбирам. Ги продавам градите, тој го продава американскиот сон“, вели таа.