И новите огласи за вработување во белградските фризерски салони говорат дека вработените во овој сектор се добро платени, а добри се и работните места кои „ни ги разубавуваат главите“.
За фризери и помошници фризери, некои нудат плата од 75.000 денари, плус процент. Доколку мислите дека оваа сума е прескапа, не заборавајте дека станува збор за работници, т.е. фризери кои поминуваат и до осум часа на нозе, како и фактот дека секој клиент има свои желби кои понекогаш се граничат со можности, објави Блиц Бизнис. Цените на услугите за шишање во Србија варираат од 200 денари за машка фризура до неколку илјади за женска фризура. Но, и тоа се промени, па машката фризура сега чини од 400 до 600 денари.
Дури и оние кои не се робови на трендовите, туку само сакаат да бидат уредни, трошат многу на овие услуги. Затоа фризерите заработуваат по неколку илјади евра, салоните се секогаш полни, а понекогаш да најдеш термин е како да бараш „игла во стог сено“. Основните инвестиции во фризерски салони не се неприфатливи, а платите се движат од 30.000 денари колку што добива почетник до просечно 60.000 денари. Некаде платата на фризер е 80.000 денари, а ако си сам свој газда, можеш да заработиш и многу повеќе.