Од 1 септември се менуваат правилата за рачен багаж на аеродромите во ЕУ

Аеродромите низ Европската унија од 1 септември ги променија правилата за рачен багаж, а тие се однесуваат на течности и електронски уреди што ги носат патниците.

Причината се новите скенери, за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите кои користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на „стариот модел“, поради што се очекуваат гужви бидејќи самата проверка ќе трае подолго.

Европската комисија ги повика сите аеродроми привремено да ги користат старите модели, пишува „Irish Examiner“.

Слични објави