Недостаток на сон допринесува за пивски стомак

Новата студија, објавена во списанието „Sleep Medicine“, покажа дека помалку од осум часа сон во текот на ноќта може да придонесе лицето да има „пивски“ стомак, објави „Њујорк пост“.

Студијата открила поврзаност помеѓу недостатокот на сон и салото на стомакот, опасното масно ткиво кое се акумулира околу виталните органи и е поврзано со метаболички болести и отпорност на инсулин само еден час може да придонесе за зголемување од околу 12 грама висцерална маст, а за осум часа спиењето го регулира ова.

„Должината на сонот е поврзана со акумулацијата на висцералните маснотии во текот на зрелоста, а се чини дека нема корист од спиењето повеќе од осум часа“, изјави меѓународниот тим на научници кои работеа на студијата, но во исто време додаде дека дополнително потребни се студии за да се потврдат нивните тврдења.

Во најновата студија, 5.100 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 59 години учествувале во Националното истражување за исхраната на американската здравствена служба.

Слични објави