Мисајловски со шведската амбасадорка разговараше за интензивирање на заедничката билатерална одбранбена соработка

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џејн на која се разговараше за идните иницијативи кои ќе придонесат за унапредување и интензивирање на билатерална соработка меѓу двете земји.

Како што соопштуваат од МО, на средбата министерот изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка во процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и за поддршката при справување со пожарите.

Слични објави