Мислеле дека носи злато во автомобилот, а тој имал алат за продажба – мотиви за убиството кај Мавровка

Денеска во Скопје се случи ново убиство по кое следуваше полициска потера, а за мотивот веќе се појавија повеќе сценарија. Според дел од медиумите мотивот е користољубие, но преку погрешна „проценка“.

Скопјанецот В. Е беше убиен на паркинг кај „Мавровка“.

Неофицијално, се вели дека тој водел неколку бизниси, а полицијата сè уште не го соопштува неговиот идентитет кој беше објавен од страна на повеќе медиуми.

Тројцата осомничени, наводно сите од Скопје, мислеле дека жртвата носи злато во автомобилот. Нападот наводно го извршиле за да го ограбат. Но, откако го убиле човекот и го зеле пленот од колата, виделе дека торбата е полна со алат за продажба, пишува „СДК.мк“.

Убиениот човек наводно имал фирма во близина на седиштето на Општина Аеродром, за продажба на разновиден алат за работа.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне. Лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, уапсено е уште едно лице. На полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово наоѓање“ – соопшти МВР.

Слични објави