Кинеската метеоролошка агенција во четвртокот соопшти дека јули оваа година бил најтоплиот месец во Кина од почетокот на евиденцијата во 1961 година, со просечна температура од 23,2 степени Целзиусови, 1,1 степен повисока од рекордот од 1961 година, објави Chyna Daily.
Јапонската метеоролошка агенција во четвртокот објави дека јули оваа година бил најтопол во Јапонија од почетокот на мерењата пред 126 години, во 1898 година, објави Channelnewsasia.
Агенцијата наведува дека температурите во Јапонија во јули биле 2,16 степени над просекот, со што го урна минатогодишниот рекорд од 1,91 степен над просекот за јули.
Минатиот месец низ светот беа срушени рекорди за високи температури, а 22 јули беше најтоплиот ден на планетата кога просечната глобална дневна температура достигна 17,15 степени Целзиусови.