ОВЕН
Свесни сте дека некои работи кои сакате да ги промените во деловниот сегмент не зависат само од вас. Сепак, нема да ви биде лесно бидејќи немате ниту поддршка, ниту разбирање од вашите соработници. Ден за подобро расположение со саканата личност. Можност за флертување.
БИК
Искористете ја енергијата на овој ден, која е стимулативна за вас. Одолејте се на желбата да бидете статични. Можности за помали парични текови. Една личност стана многу активна кон вас и се обидува да го привлече вашето внимание кон себе. Ниту вие не сте рамнодушни.
БЛИЗНАЦИ
Верувате дека сте во право за некои прашања и нема да дозволите другите да ви се мешаат во работата или начинот на кој работите. Повремено можете да се поставите исклучиво. Обидете се да бидете потолерантни. Сè или ништо – денешниот ден може да биде присутен и во врска со саканата личност.
РАК
Успевате да се договорите со претпоставениот и да пружите некакво олеснување или да отворите прашања поврзани со финансискиот сегмент. Нешто посилен притисок и нервоза, но тоа нема да ве спречи да го правите она што ви е приоритет. Во емотивниот сегмент – прилив на позитивна енергија.
ЛАВ
За вас е доста комплицирано и заморно да ги балансирате обврските. Многу е веројатно дека ќе мора да направите значителни промени во вашиот распоред, поради што ќе се чувствувате незадоволни и напнати. Ден кога можете да иницирате позитивни промени во односот со саканата личност.
ДЕВИЦА
Контактите со другите ве прават нервозни и во првиот дел од денот можете да губите време на непотребни конфликти во работната средина. Обидете се да се дистанцирате и фокусирајте се на вашите обврски. Интензивно размислувате за личноста која ви оставила голем впечаток.
ВАГА
Помош или поддршка од колегите можете да очекувате само во утринските часови, па обидете се тогаш да ги завршите сите ваши приоритети. Внесувате многу страст во врската со емотивниот партнер, но се однесувате и многу посесивно. Не биди ексклузивен.
СКОРПИЈА
Нон-стоп во првиот дел од денот ќе имате чувство дека времето ви бега и дека доцните. Обидете се да се фокусирате на она што го правите и не дозволувајте овие мисли дополнително да ве блокираат. Личноста што ви се допаѓа обрнува внимание на вас.
СТРЕЛЕЦ
Можеби би можеле да ги прифатите советите на добронамерните колеги или пријатели. Иако сте прилично независни, сепак ви требаат други луѓе. Ќе избегнете некои прашања во врската со саканата личност – не сте расположени да зборувате за се.
ЈАРЕЦ
Очекувајте поддршка во деловното опкружување. Некој може да посредува за вас или да ви помогне да ги надминете тешките околности. Во врската со саканата личност сакате смиреност и релаксација, а другата страна може да се напрега на непријатни теми.
ВОДОЛИЈА
Тешко дека ќе успеете да го завршите она што ви е суштинско или ќе дојдете до реализација, но со многу труд. Денеска темпото на случувањата е брзо, што повремено нема да ве задоволи. Вториот дел од денот е добар најмногу за контакти со пријателите или семејството.
РИБИ
Иако ви се наметнати голем број обврски, ќе се обидете да им пристапите мирно и опуштено, што повремено ќе биде доста тешка и напорна задача. Некој се обидува да ве поттикне да започнете со комуникација, но вие сте прилично воздржани.