Дали ќе има ново поскапување на струјата?

Според, неофицијални информации  ЕСМ дале  понуда,  својата електрична енергија на Универзалниот снабдувач да му ја продаваат за нешто над 5 отсто поскапо.  Односно од сегашните 57 евра, цената за мегават час да се зголеми на 60 евра.

Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена. На 20 месецот е аукцијата, а одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни.

Но, досегашната пракса покажува дека на тендерот на  Универзалниот снабдувач никој досега не понудил пониска цена за струјата од онаа на државните електрани.

Извори за Телма брифираат дека ЕСМ најверојатно нема да покриваат 100 проценти од потребите на струја дома, туку помалку.

Според , неофицијални информации на затворената владина седница на ова се противел министерот Бектеши , но дел од неговите колеги не дале согласност државните електрани да обезбедат толкав процент.

Инаку, каква ќе биде цената на струјата најмногу зависи токму  од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на снабдувачот на домаќинствата и малите потрошувачи. Па од тука се поставува прашањето, со поскапувањето на мегаватот од државните електрани, колку намалената профитна маржа на  ЕВН ХОУМ, би влијаела  на новата цена.

Слични објави