Фотографиите на кои англискиот премиер Риши Сунак срдечно ја пречекува италијанската премиерка Џорџа Мелони на самитот на Г7 станаа вирални. Нивната прегратка и нежното држење за раце го разбуди интересот на јавноста, особено поради реакцијата на италијанскиот премиер на „храбриот гест “на британскиот колега.
Многу корисници на социјалните мрежи ја коментираа средбата,авидеотостанавирално.
Средбата се одржа бидејќи британскиот премиер требаше да објави дополнителни 250 милиони фунти за Украина и ги повика светските лидери да направат „се што е потребно“ за да ја поразат Русија.
Тридневното патување е можност да ги зајакне неговите премиерски акредитиви и да го одвлече вниманието од неговата одлука предвреме да ги напушти комеморациите на Денот Д.
Два приоритети на самитот ќе бидат поддршката на Киев и обезбедувањето мир на Блискиот Исток.
Сунак ќе објави пакет до 242 милиони фунти за финансирање за хуманитарни, енергетски и стабилизациони потреби во Украина. Тој, исто така, ќе се обиде да ги убеди лидерите да користат милијарди замрзнати руски средства за поддршка на Украина.