Мицкоски го доби мандатот од Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова  му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според нејзините зборови, Мицкоски има сериозна можност да формира влада и да освои 61 глас зад својата програма и новиот владин состав.

-Чест и задоволство ми е да верувам дека чекорот што го преземам е вистински, правен и политички чекор, кажа шефицата на државата по што му го предаде мандатот на идниот мандатар.

Предвидена е заедничка средба меѓу двајцата, по што е најавено дека Мицкоски ќе се обрати пред новинарите.

Со врачувањето на мандатот почнуваат да течат 20 дена за формирање нова Влада.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 8-ми мај освои 58 мандати, коалицијата ВЛЕН 14, а ЗНАМ 6 мандати. Од партијата на Мицкоски посочуваат дека новата Влада ќе биде формирана согласно со уставните рокови.

Слични објави