Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат се огласи по информацијата дека по него ќе биде распишана потерница за злосторства за време на војната против Хамас.
Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска ја објави одлуката за барање за налози за апсење на водачите на Хамас Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханије поради сомнение дека извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и земање заложници, убиства и злосторства на сексуално насилство. Исто така, побаран е налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант кои се сомничат дека извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и изгладнување како метод на војување, убиства, прогон и истребување.