Новинската агенција Мехр утринава објави дека загинале сите патници во хеликоптерот во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
Ова утрово за Ројтерс го потврди неименуван ирански функционер.
За потсетување, иранската државна телевизија објави дека нема преживеани на местото каде што се урнал хеликоптерот во кој се наоѓал претседателот на земјата, Ебрахим Раиси, пренесува официјален Си-Ен-Ен.
На социјалните мрежи се појавија првите фотографии на кои наводно се гледаат остатоците од хеликоптерот.
Иранската влада свика итен состанок за денеска по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Според фотографијата што ја објави агенцијата, столчето на кое обично седи Раиси е празно и покриено со црна лента во спомен на претседателот, објави Си-Ен-Ен.
Иранските државни медиуми пренесуваат исламски молитви меѓу вестите за сртта на Раиси и осум други лица, откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан Астихови од Куранот беа објавени на сметката на Раиси.
„Мир со Ебрахим. Навистина, вака ги наградуваме оние што прават добро. Навистина, тој беше од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на сметката на Раиси по врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.