Kавадарчанец агресивно се однесувал и предизвикал пожар во сопствениот стан.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека синоќа во 20.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле кавадарчанецот И.П.(65), по претходна пријава од негов сосед.
Според пријавеното, тој предизвикал пожар во сопствениот стан каде што било интервенирано од Територијална против пожарна единица Кавадарци и истиот агресивно се однесувал.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.