Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер вели дека „сите избори ги следат будно“, во интервју за ТВ21. Во однос на претседателските избори и за влијанието што Русија може да го има врз нив, таа вели дека нема одреден став по однос на ова прашање.
Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу партиите меѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно но следиме и дали има мешање од странство без разлика дали тоа доаѓа од Русија или некоја друга земја. Ние будно ќе набљудуваме, вели Агелер.
На прашање дали ќе се мешаат во изборите, Агелер вели дека нема да се мешаат, ниту она е дел од гласачите на државата.