Владата на Нигер одговори на обвинувањата на Вашингтон дека преговара за продажба на ураниум на Техеран со прекин на воената соработка со Соединетите Американски Држави.
Одлуката е уште една победа во напорите на Владимир Путин да го прошири руското влијание, добредојден поттик за Иран и голем удар за плановите на САД во Африка. Дополнително, уште една потврда е дека администрацијата на Бајден ја губи способноста да „обликува меѓународни настани“, пишува колумнистот на „Волстрит журнал“, Волтер Расел Мид.
Како страшило кое повеќе не ги плаши гладните птици, тимот на Бајден ја губи својата способност да ги спречи „непријателските сили да ги нагризат темелите на светскиот поредок предводен од Американците“, се додава во написот
Намалувањето на капацитетот на САД за одвраќање претставува најголем предизвик за нивната надворешна политика, светскиот мир и можеби реизборот на актуелниот американски претседател. Како страшило кое повеќе не ги одбива гладните птици, тимот на Бајден ја губи својата способност да ги спречи „непријателските сили да ги нагризат темелите на светскиот поредок предводен од Американците“, забележува Мид.
Тој ја критикува американската влада дека наводно планира да ги намали трошоците за одбрана следната година. Според неговите зборови, администрацијата на американскиот претседател на тој начин ги охрабрува непријателите на Вашингтон да ги „зајакнат своите воени планови“.
Слабеењето на американската позиција на светската сцена започна уште пред Бајден да ја преземе функцијата, но неговата политика не го поништи падот. Белата куќа постојано носеше катастрофални одлуки – од хаотичното повлекување на војниците од Авганистан до „доцната“ помош за Украина, поради која сојузниците и противниците ја гледаа Америка како „сила која слабее што е лесно да се заплаши“, предупредува Мид.