Димитров: Грчката фирма ќе нè принудува да откупиме сè што тие ќе произведат, а и да не го потрошиме, пак ќе го платиме

Покрај другите штетни работи што се случуваат, сега имаме уште четири проекти што се инсистира да се спроведат по брза постапка. Тоа се штетни договори за Мaкедонија и финансиски и за енергетскиот суверенитет на Македонија како носител на стопанството земјата. Ако увезувате струја, вашиот производ ќе биде скап. Точно е дека тие постројки се градат на наша територија, но странскиот инвеститор не принудува да откупиме се што тие ќе произведат, а ако не можеме да го потрошиме, пак ќе го платиме, вели универзитетскиот професор Константин Димитров во СТУДИО 10 на ТВ 24 за енергетските проекти на грчкиот инвеститор „Митилинеос“.

На Македонија и требаат енергетски постројки. Ние не велиме да не се гради, ние велиме сопственик да биде Македонија, а не некој друг и сите придобивки од таквата постројка да учествуваат во формирањето на цената на струјата и топлинската енергија. Никој не инвестира в Македонија затоа што не саката туку затоа што има профит, вели проф. Димитров.

Тој предлага истата компанија „Митилинеос“ да се ангажира за изградба на постѕројката и работата да и биде платена, а не да биде врзана со долгогодишен договор за стопанисување кој е предвидено да биде 30 години и кој нас како држава не обврзува да плаќаме за различни услуги и да правиме различни отстапки.

Цената што е предвидена е ненормално висока. Ние однапред ја плаќаме постројката, а освен тоа сме обврзани во следните 30 години да го откупуваме целото производство, вели проф. Димитров.

Слични објави