Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, планира повторно да го воведе задолжителното служење воен рок во земјата пред следните избори за Бундестагот закажани за есента 2025 година, пишува „Шпигел“.
Како што пренесува германскиот весник повикувајќи се на интерен документ на Бундесверот, Писториус му наложил на министерстворо најдоцна до 1 април да ги претстав опциите за служење воен рок во Германија кои ги исполнуваат актуелните безбедносни барања.
„Министерот има намера да донесе одлука за задолжитено служење воен рок во текот на овој легислативен период,“ се наведува во документот.
Писториус во моментот е во повеќедневма посета на Скандинавија каде што, меѓу другото, сака да се запознае со моделот на задолителна воена обврска кој се применува во Шведска.
Сепак, „Шпигл“ констатира дека во Германија, во која задолжителниот воен рок беше укинат во 2008 година, не е моно спроведување на шведскиот модел кој предвидува регрутирање на околу 10 отсто од матурантите зашто тоа би значело дека Бундесверот секоја година ќе мор да обучува околу 40.000 воници, за што нема услови.
Писториус изјави на маргините на Минхенската безбедносна конференција дека би било реално секоја година да има 3.000-4.000 воени обврзници.