Ванковска и Јакимовски ги собраа потписите, останатите далеку од минимумот

Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Стевчо Јакимовски на ГРОМ ги собраа потребните 10.000 потписи и им се придружија на Бујар Османи, Арбен Таравари и на Максим Димитриевски во трката за претседател на државава.

Синоќа и двајцата информираа дека ја имаат потребната поддршка за претседателска кандидатура.

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова викендов ќе бидат официјализирани од партиските тела и потоа и тие ќе собираат потписи од граѓаните.

Останатите претенденти за претседателска кандидатура засега се далеку по минимумот од 10 илјади потписи.

Потписи ќе се собираат до 8. март на полноќ. Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и парламентарните избори.

Слични објави