Ужас во Германија – Војник уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Припадник на германските вооружени сили уби неколку лица во Шесел, во областа Ротенбург, соопшти полицијата.

Според германскиот магазин „Билд“, животот го загубиле четири лица, меѓу кои и едно дете.

Војникот на Бундесверот и се предал на полицијата и бил уапсен.

Неговиот мотив се уште не е познат, а полицијата се сомнева дека се работи за семејно насилство.

Слични објави