Казахстан преминува во друга временска зона

од Вести365.МК Ј.Р.

Жителите на Казахстан добија пораки со предупредување од банки, мобилни телекомуникациски оператори и други даватели на услуги, за можни прекини поради подготовките на поголемиот дел од земјата за преминување во друга временска зона од 1 март.

Со цел да се изедначи времето низ целата земја, повеќето региони на Казахстан на полноќ ќе ги поместат своите часовници за еден час назад, а целата земја ќе биде во временската зона UTC+5.

Досега во таа временска зона беа само западните региони на земјата, додека другите, вклучувајќи ги и најважните градови Астана и Алмати, беа еден час понапред. Казахстан, кој се граничи со Русија и Кина, се протега на 3.000 километри од исток кон запад.

Нафтената индустрија, како основа на економијата на Казахстан, главно се наоѓа на западниот дел на земјата и не треба да доживее пречки во својата работа.

Слични објави