Алексеј Навални почина во затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти Регионалниот оддел на поправната служба.

„На 16 февруари годинава во воспитно-поправниот дом бр.3 осуденикот Наваљни А.А. по прошетка се чувствувал лошо, а набрзо изгубил свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на Итна медицинска помош“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале да го спасат.

Слични објави