Ковачевски ги кани сите што мислат како СДСМ да ѝ се приклучат на партијата на изборите

Сѐ уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ѝ се приклучат на партијата на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Ковачевски потврди дека се сретнал со лидерот на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари но не и со претседателот на Централното собрание на АА, Зијадин Села, со кој, како што нагласи тој, само се виделе во Парламентот.

„Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки“, рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса за Албанците премине во опозиција како што тоа вчера го побара Таравари.

Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.

Слични објави