Фудбалерот на Астон Вила, Леандер Дендонкер, ќе настапува во редовите на италијанскиот првак Наполи како позајмен играч до крајот на сезоната, објави денеска англискиот прволигаш.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи во јуни ќе има можност да го откупи од Наполи договорот на белгискиот играч од средниот ред за сума од девет милиони евра.
Дендонкер одигра 27 натпревари во дресот на Астон Вила, постигнувајќи еден гол.
Белгиецот е четвртиот нов играч на Наполи во јануарскиот преоден рок, а наскоро се очекува да биде објавено и петтото засилување, откако медиумите пренесуваат дека клубот од Неапол и Удинезе се договориле за трансфер на Нуен Перез за 16 милиони евра, плус дополнителни два милиони евра во бонуси.
Аргентинскиот фудбалер, според истите извори, ќе заработува 1.5 милиони евра по сезона во Наполи.