Неговата грозоморна шега не завршила добро откако е уапсен затоа што фрла кофа со „разни материи“ кон патниците во возот, пишува Indy100. Јутјубер по име YaNike бил уапсен од белгиската полиција затоа што фрлал кофи со „разни материи“, во кои имало „боја, измет и храна“, кон патниците од метрото кои патувале за Брисел. Во видеото на неговиот канал, YaNikea може да се види како собира супстанции кои се чини дека вклучуваат масло, лисја, сода и кучешки измет и ги меша во кофа.
На друго видео се гледа како влегува во воз со кофата и го превртува врз случаен патник пред да побегне. Подоцна бил уапсен под обвинение за напад и тешки телесни повреди на патници, како и за оштетување на имотот на превозникот. Во соопштението за медиумите, портпаролот на обвинителството рече дека Јутјуберот признал дека е одговорен за инцидентот. „Снимките од тие настани се објавени на социјалните мрежи со цел да се добијат што повеќе лајкови“, соопштуваат оттаму.