Владата препорача разрешување на двајца директори на М-НАВ

Владата на седницата која е во тек заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.

Оваа одлука следи по минатонеделниот упад во М-НАВ и протестите на синдикатото против огласот за вработување според кој требало да се примат лица кои немаат познавање.

Од синдикатот најавија претходно дека ако владата не ги разреши директорите, утре ќе го затворат македонското небо.

Слични објави