Американскиот суд денеска ја одпечати третата серија документи од тужбата поврзана со сексуалниот предатор Џефри Епстајн, јавуваат медиумите.
Објавувањето на новите документи доаѓа откако веќе беа објавени стотици страници документи кои беа одпечатени во средата и четвртокот, јавува CNN.
Документите се дел од граѓанската тужба за клевета од 2015 година, поднесена против Епстајн од Вирџинија Гифр, Американка која тврди дека сексуално ја злоставувал кога била малолетна, и неговата партнерка Џилијан Максвел, која му помогнала во злоставувањето.
Документите, вклучително и материјалот што допрва треба да биде отпечатен, се очекува да содржи речиси 200 имиња, вклучително и некои од обвинетите на Епстајн, истакнати бизнисмени, политичари и многу други.