Обвинителката Соња Симовска ќе биде в.д. државен јавен обвинител, која ќе го наследи Љубомир Јовески по неговото пензионирање, дознава „Скопје1“.
Според извори на порталот во ова обвинителско тело, има консензус за Симовска да биде назначена на оваа позиција, а со оглед дека Собранието не избра нов државен јавен обвинител, а е познато дека пријавени се тројца кандидати.
Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.
Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.