Илон Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението, луѓето треба да се потрудат да имаат деца

Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата „Х“, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.

Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.

Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација, порача сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.

Една од главните цели на владата на Мелони е да го сопре падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.

Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.

Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.

Слични објави