ОН предупредува дека половина од населението во Појасот Газа гладува

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува поради вооружените борби меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Заменик-директорот на Светската програма за храна на ОН, Карл Скау, изјави дека само дел од потребните залихи може да влезе во Појасот Газа и изјави дека „девет од 10 луѓе не можат да јадат секој ден“, пренесe Би-би-си.

„Условите во Појасот Газа ја направија испораката на помош речиси невозможна“, посочи Скау, додавајќи дека е отворен само граничниот премин Рафах кон Египет, преку кој до палестинската енклава стигнуваат ограничени количини помош.

Слични објави