Вања и Панче биле закопани под земја

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на прес конференција изјави дека двете тела, на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски биле закопани во земја.

„Едното тело закопани во околината на Скопје, второто тело во околината на Велес“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека случајот е целосно расчистен, но не онака како што сите очекувале, односно да се најдат живи и здрави Вања и пензионерот од Велес.

Спасовски нагласи дека двете жртви меѓусебно не се поврзани, но нарачателот на убиството имал нерасчистени сметки со пензионерот и со семејството на девојчето.

Слични објави