СДСМ: Извештајот на ЕК е јасен, имаме напредок во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно

Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност, велат од СДСМ.

Додаваат дека  нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување.

Според нив ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

– Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра. Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега. Затоа блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени, стои во соопштението.

Слични објави