Затруени повеќе лица во Хрватска од сокови, АХВ вели дека во Македонија нема штетни пијалоци од таа земја

Шест нови пациенти се затруени и лежат во болница поради газиран сок, објавија хрватските медиуми. Резултатите од анализата на 16 шишињата пристигнале потврди ХРТ, а тамошниот министер за здравство Вили Берош ги повикува граѓаните засега „да пијат само обична вода“. Случај со можно труење со киселина во пијалокот вчера ја разбранува хрватската јавност.

– Има уште неколку, сите се полесно повредени, со многумина е прашање дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола – изјави Берош за загрепската телевизија Н1.

Тој порача дека најдобро е да не се консумираат газирани пијалоци.

– Мора да бидеме внимателни, но нема потреба од паника – додал тој.

Можните симптоми кои би настанале според хрватското Министерство за здравство се ненадејна болка и печење во усната шуплина, крварење од мукозната мембрана на усната шуплина и променет вкус на пијалокот.

Состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска, се следи, но досега нема информации дека од штетните пијалоци има на македонскиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија.

Оттаму велат дека како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи, истакнуваат од АХВ.

Слични објави