Синоќешниот масакр во Мејн е 565-то масовно пукање во САД во 2023 година

Четириесетгодишниот Роберт Кард, кој наводно има историја на ментални болести, влегол во куглана и ресторан во градот Левистон, во сојузната држава Мејн, и започнал да пука во луѓето. Убил најмалку 22, а ранил меѓу 50 и 60 лица.

Ова е најлошото масовно пукање во САД во 2023 година. Вкупно 565-то во Соединетите Американски Држави во овие десет месеци и 31-во каде е извршено масовно убиство, објави сајтот Gun Violence Archive, кој собира податоци за престрелките во САД.

Gun Violence Archive го дефинира масовното пукање како настан во кој најмалку четири лица се убиени/ранети, не вклучувајќи го напаѓачот.

Полицијата го опишува вооружениот напаѓач како овластен инструктор за огнено оружје и член на резервите на американската армија.

Најмасовното пукање во САД датира од 2017 година од Лас Вегас. Тогаш 64-годишниот Стивен Крег Педок отворил оган врз луѓето кои биле на фестивал во Вегас. Убил 60 луѓе.

Слични објави