Три лица завршија на Клиниката за токсикологија откако биле затруени од домашна храна која била приготвувана во нивниот дом.
„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, информираат од МВР.
Лицата биле задржани за понатамошно лекување.