Познати добитниците на државната награда „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донел одлука тимот за трансплантација на црн дроб, проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, и универзитетскиот професор д-р Африм Османи, да ја добијат државната награда „23 Октомври“ за 2023 година за остварување во областа на науката и образованието.

Државната награда „23 Октомври“ за оваа година за остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023  година (понеделник) во 12 часот во Собранието

Слични објави