Во Полска се поизвесна малцинска влада, актуелната власт тешко да успее да коалицира за нов мандат

Полскиот претседател Анджеј Дуда најверојатно ќе ја даде првата можност за формирање влада по изборите на партијата која доби најмногу гласови, а тоа се владејачките националисти „Право и правда“ (ПиС), изјави неговата помошничка Малгоржата Папроцка.

Прашана на приватната телевизија дали ПиС ќе има задача да формира влада, Малгоржата Папрочка рече: Така тоа денес изгледа, гледајќи ги членовите од уставот, гледајќи ја традицијата.

Според излезните анкети, полскиот проевропски опозициски блок освои мнозинство на парламентарните избори вчера, а ако тоа го потврдат и официјалните резултати, владејачката националистичка партија ПиС нема да добие трет мандат.

Трите опозициски партии од центарот, Граѓанската коалиција (КО), Третиот пат (Христијанските демократи) и Левица освоија 248 места во Парламентот од 460, додека ПиС и нејзиниот сојузник Конфедерацијата (крајната десница) имаат 212 места.

Не е јасно дали резултатите од изборите во неделата во Полска ќе завршат со нов мандат на владејачката партија „Право и правда“ (ПиС), рече нејзиниот лидер Јарослав Качински.

Неговиот партиски колега, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на социјалната мрежа објави дека ПиС е „победник на изборите“.

Слични објави