Уште една фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно. Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски, велат од СДСМ.
Додаваат дека со денови ВМРО-ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе.
– Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат. ВМРО-ДПМНЕ сега најмалку што може е да им се извини на граѓаните за изнесените лаги, стои во соопштението.