Инцидентот помеѓу кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски кој Клиниката за кардиохирургија го пријави во полиција, најверојатно не бил само вербален како што тврдеа од Клиниката, а подоцна и д-р Јовев.
До официјалната електронска пошта на редакцијата „А1он“ стигнале две видеа од безбедносните камери во ходниците на државната Клиника за кардиохирургија на кои се гледа дека помеѓу д-р Јовев и д-р Шокаровски има повеќе од вербална расправија која сам ја пријави д-р Јовев во полициската станица во Центар.
„Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката)“, информира Министерството за внатрешни работи. Оттаму е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.