Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази уверување дека Украина веќе губи во конфликт што можеше да го избегне.
Единствениот начин да се избегне конфликт беше да се согласи да изгуби дел од нејзините територии, вклучувајќи го и Крим.
„Медиумите веќе не пишуваат за војната… што значи дека Украина губи“, рече Трамп во интервју за „Ен-би-си њуз“. Трамп додаде дека украинската офанзива никогаш не се случила.
Дополнително, поранешниот претседател рече дека верува оти Киев на почетокот можел да го избегне конфликтот со тоа што се согласил да признае губење на дел од територијата.
„Искрено, тие можеа да постигнат договор за помала територија од онаа што Русија веќе ја зазеде. И никој немаше да биде убиен“, истакна Трамп, посочувајќи дека тој мислел на „Крим и другите“ региони кои се приклучија на Русија.
„Сега никој не знае дали Украина ќе биде ставена под контрола“, рече тој.
Трамп и претходно неколку пати изјави дека е можно актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, со својата политика кон Украина да го турка човештвото кон третата светска војна. Поранешниот американски претседател, исто така, постојано тврдеше дека доколку победи на претседателските избори, може да даде решение за ситуацијата во Украина во рок од 24 часа.